Англиските гиганти чекаат на ред за потписот на Коман

Кингсли Коман со 24 години веќе има и 23 трофеи во своите витрини. Крилниот играч освојуваше трофеи како играч на ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен, како и во дресот на француската репрезентација, па јасно е дека за неговото искуство, победнички менталитет и брзина ќе бидат заинтересирани голем број на клубови.

Французинот не е задоволен од својот статус кај баварците, а за неговиот потпис се заинтересирани гигантите од „Островот“. Ривалите од Манчестер се споменуваа како прва опција. но сега во целата приказна се вмеша и Челси. Како што пренесува „Дејли Мејл“, овој трансфер би се реализирал само доколку Кристиан Пулишиќ го напушти „Стемфорд Бриџ“ ова лето.

Американецот со хрватско потекло не е задоволен од неговата минутажа, која под водство на Томас Тухел е лимитирана, па најверојатно е дека репрезентативецот на САД ќе го напушти Лондон. За него се интересира и Баерн Минхен па лесно би можело да дојде до размена на играчи.

Се вчитува...