Англиските гиганти во „битка“ за Кудус, Ајакс бара 46 милиони евра

Играчот од средниот ред Мохамед Кудус одби да го продолжи договорот со Ајакс, и многу веројатно е дека во летниот преоден рок ќе го напушти тимот од Амстердам. Кудус сака да ја смени средината, а веќе неколку клубови изразиле интерес за неговиот потпис.

Англиските гиганти Манчестер Јунајтед, Арсенал и Њукасл се интересираат за неговите услуги, а според информациите, Ајакс не планира да го пушти за помалку од 46 милиони евра.

Кудус оваа сезона одигра 29 меча во холандскиот шампионат, и постигна 11 голови, што го прави трет стрелец во екипата. Кудус одигра одлично за Гана на Мундијалот во Катар, со што веднаш го сврте вниманието кон гигантите кои летово ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Се вчитува...