Англиските клубови може да здивнат: И да се заврши сезоната нема да враќаат 420 милиони евра

Англиските клубови може да здивнат откако беше лиферувана информацијата дека „Скај спортс“ нема да бара враќање на парите за ТВ права во висина од 422 милиони евра и во случај на откажување на Премиерлигата.

Бројни клубови, како Бурнмаут и Шефилд, веќе ги потрошија своите милиони од ТВ правата па стравуваа дека ќе мора да враќаат пари ако сезоната не продолжи. Но, како што пренесува „Дејли мејл“ челниците на „Скај спортс“ засега не планираат да ги бараат парите кои ги платиле за преостанатите 92 натпревари.

Тоа во секој случај е олеснување за англиските клубови, но и натаму им остануваат околу 440 милиони евра кои се должни на БТ каналот и странските ТВ канали.

Англичаните секако се уште се надеваат дека лигата ќе продолжи на почетокот од јуни, а Скај место враќање на парите ќе бара реконструирање на постоечките договори како би се продолжиле и за следната сезона или би се зголемиле бројот на преноси во живо од кои некои натпревари би се играле во текот на работната недела.

Се вчитува...