Англиските великани влегуваат во трка за сенегалското „џудо од дете“ (ВИДЕО)

Англските великани, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челси влегуваат во трката по сенегалското „џудо од дете“, Папе Матар Сар. 18-годишниот играч од средниот ред дебитираше за Мец во француското првенство претходната сезона и имресираше со неговите настапи.

Сар покрај тоа што го зацврсти своето место во францускиот клуб, еден од најголемите таленти на својата генерација доби шанса да настапи и за сенегалската репрезентација чие деби го имаше на натпреварот против Конго.

Гигантеите од „Островот“ ќе се обидат да го осигураат неговиот потпис до крајот на летниот трансфер рок, но мала е шансата да го приклучат 18-годишникот во своите редови оваа сезона и најверојатно ќе продолжи да го носи дресот на Мец до крајот на истата.

Се вчитува...