Анкета на „АС“: Фановите на Реал сметаат дека Флорентино Перез е виновникот за кризата

Европскиот првак Реал Мадрид е во голема резултатска криза, а медумите во Шпанија ги бараат виновниците. Според анкетата на влијателниот спортски весник „АС“, кој важи за близок до „кралскиот клуб“, најголем виновник за оваа ситуација е претседателот Флорентино Перез.

Дури 86,42 % од испитаниците дале одговор дека првиот човек на Реал Мадрид е главниот виновник, затоа што не успеал да доведе квалитетни засилувања и тимот е очигледно ослабен во однос на лани. Само 13% сметаат дека тренерот Хулен Лопетеги треба да понесе одговорност за слабите резултати на тимот во овој прв дел од сезоната.

Од Реал Мадрид во летниот преоден рок си замина најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо, а иако беа најавувани звучни засилувања како Нејмар, Килијан Мбапе или Еден Азар, тие не пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“. Најголемо засилување за „кралевите“ е голманот Тибо Куртоа.

Се вчитува...