„Анонимус“ ја надигра новата сензација на НБА лигата (ВИДЕО)

Новата сензација во НБА лигата, Чед Холмгрен инспирираше во својот прв натпревар во Летната лига со „ол-ароунд“ натпревар проследен со 23 поени, 7 скока, 6 блокови и 4 асистенции, но веќе во втората средба се соочи со големи проблеми поврзани со најголемиот недостаток – мускулната маса.

Овој пат младиот кошаркар наиде на „непознатиот“ Кевин Лофтон Џуниор кој е 18 сантиметри понизок од него, но има 40 килограми повеќе па лесно се справи со вториот пик на драфтот во рекетот, а постигна и неколку неверојатни тројки па доби аплауз и од Џа Морант.

Се вчитува...