Анри ги отфрли шпекулациите за превземање на селекторското место во Белгија

Репрезентацијата на Белгија се уште го бара наследникот на Роберто Мартинез кој по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство ја промени средината, но тоа нема да биде Тијери Анри како најавуваа светските медиуми.

Легендарниот Французин кој и во минатото во два наврата беше дел од стручниот штаб на Мартинез ги отфрли шпекулациите.

„Сакам да биде потполно јасно дека никогаш не ја контактирав белгиската репрезентација за да ги понудам моите услуги како прв тренер на тимот“, изјави Анри.

Се вчитува...