Анри: Време е за нова иновација која ќе им олесни на судиите

Спорната ситуација на натпреварот помеѓу Арсенал и Вест Хем Јунајтед во Премиерлигата по која „чекичарите“ стигнаа до предност од 1-0 на „Емирати“ ја прокоментира и легендарниот фудбалер на „топџиите“ Тијери Анри.

Според Французинот треба да постои и камера која ќе снима од „птичја преспектива“ бидејќи само така ќе можат судиите да бидат уверени дали топката ќе ја премине линијата или не.

„Време е да им помогнеме на судиите и да воведеме камера која ќе снима одозгора. Таа е единствената шанса со која ќе може да се увериме дали топката ја преминала линијата или не. Камерата треба да биде над топката. Веќе влегуваме во 2024 година, а ние се уште немаме таква камера“, изјави Анри.

Се вчитува...