Ансу Фати може да настапи за репрезентацијата на Шпанија

Тин сензацијата која е по потекло од Гвинеја Бисау, Ансу Фати стана шпански државјанин што значи дека во иднина ќе може да настапува за „црвената фурија“.

Фати со само 16 години дебитираше во дресот на Барселона и на три меча во Ла лига успеа двапата да се запише во листата на стрелците. Фати има можност да игра за репрезентацијата на Гвинеја-Бисау, а постоеше можност да добие и португалско државјанство поради неговото потекло. Сепак, тој стана шпански државјанин бидејќи веќе 10 години живее во Шпанија.

Тој ќе може да настапува за Шпанија на Светското првенство до 17 годин, но тоа и понатаму не значи дека ќе биде сениорски репрезентативец. Тој ќе може да се предомисли кога ќе дојде време да го облече сениорскиот дрес.

Се вчитува...