Ансу Фати, фудбалерот на Реал Мадрид би можел до крајот на сезоната да заигра во Турција, ако ја прифати понудата од Бешикташ за позајмица до крајот на сезоната. Турскиот гигант сака да го ангажира крилниот фудбалер на Барселона, кој не добива шанса во таборот на „Каталонците“.
22-годишниот фудбалер беше најавуван како заменик за легендарниот Лионел Меси, но засега не е ниту бледа сенка на аргентинскиот „ас“. Во сезоната 2023-2024 беше позајмен на Брајтон, а засега одбива да оди на нова позајмица.
Барселона се надева дека Фати ќе ја прифати понудата од Бешикташ и дека ќе оди таму како позајмен. Очигледно е дека за него нема иднина во таборот на Барселона, со кого има договор до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА