Ансу Фати постави нов рекорд во Барса – далеку зад себе го остави Меси

Мега талентот на Барселона, Ансу Фати го потврди овој епитет во победата на каталонците над Валеснија со 3-1. 18-годшиниот Шпанец стрелаше за првиот гол за својот тим во 13. минута и со тоа стигна до тринаесеттиот гол за сениорскиот тим со што постави нов рекорд.

Станува збор за постигнати погодоци пред 19. година, а Фати со тоа го сруши рекордот на Бојан Кркиќ. Интересно, далеку зад овие двајца е Лео Меси кој пред својата 19 годишна возраст постигна само седум погодоци за Барселона.

Се вчитува...