Ансу Фати за една минута му даде два гола на Леванте, Барди заигра во финишот на „Камп Ноу“

Барселона го совлада Леванте со 2-1 и се врати на три бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид на врвот во Ла Лига. Ансу Фати беше стрелец на двата гола за каталонскиот тим и тоа за само една минута. Тој погоди во 30.минута за водство на Барса, а само една минута подоцна уште еднаш се запиша меѓу стрелците. Асистент на двата гола беше Лионел Меси.

Македонскиот репрезентативец се врати по повредата и заигра на „Камп Ноу во последните петнаесетина минути. Во завршницата Леванте постигна и почесен погодок преку Рубен Рочина во втората минута од судиското продолжение.

Се вчитува...