Фантастичен кошаркарски спектакл се одржа синоќа во Љубљана под називот „кошаркарска синфонија“, што го одбележа официјалното завршување на кариерата на две словенечки ѕвезди, Бостјан Нахбар и Сани Бечировиќ. Дел од овој настан беа и двајца поранешни македонски репрезентативци, Перо Антиќ и Владо Илиевски, кои со своето присуство го збогатија спектаклот во кој учествуваа и Ѓорѓевиќ, Дијамантидис, Јасикевичиус, Белинели, Ракочевиќ, Радуљица, Здовц, Нестеровиќ, Лакович…
На трибините во арената „Стожице“ беа присутни над 6.000 лица, а конечниот резултат беше израмнет, 100-100.
Сани Бечировиќ беше најефикасен со 32 поени, Белинели за неговиот тим постигна 16, а Владо Илиевски беше стрелец на 12 поени. Најдобар во својот тим беше токму славеникот Нахбар со 20 поени, шест повеќе од Игор Ракочевиќ.
„Благодарност до сите кои дојдоа за да искажат почит за нашата работа во изминатите дваесетина години. Секако, голема благодарност и до сите овие легенди кои најдоа време да дојдат и за последен пат да се најдат со нас на паркетот“ – изјави Сани Бечировиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА