Антиќ, МЗТ Скопје, Малинков… најдоброто во мак-кошарката за 2017 година

Паузата за „полувремето“ од бурното собрание на МКФ беше искористена за доделување на наградите на најдобрите за 2017 година.

Главниот лауреат, Перо Антиќ, не беше присутен поради клупски обврски кон Црвена звезда. За најдобра кошаркарка е избрана Јелена Антиќ, која за жал поради повреда не настапи на првите квалификациски натпревари на нашиот национален тим.

МЗТ Скопје и Бадел оправдано се најдобри клубови во сениорска конкуренција, додека Вардар ја продолжи жетвата на награди кај младинците откако „црвено-црните“ беа избрана за најдобра машка екипа во младинска категорија.

[new_royalslider id=”884″]

Најдобар кошаркар: Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда)Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак)Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје АеродромНајдобра женска екипа (сениорки): Бадел 1862Најдобра машка екипа (младински): ВардарНајдобра женска екипа (младински): Бадел 1862Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862)Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)Тренер женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар)Тренер машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри)Млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички, Репрезентација до 18 години)Млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, Репрезентација до 16 години)Најдобар судија: Алија Феревски

Се вчитува...