Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за се…

Смртта на Душан Дуда Ивковиќ ја потресе кошаркарска Европа, а меѓу оние кои испратија последен поздрав до легендарниот кошаркарски стратег е и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Македонецот како играч имаше можност да соработува со Ивковиќ додека го носеше дресот на Олимпијакос, под водство на овој стратег стигна и до првата од трите европски круни во кариерата.

„Ти благодарам за се, „коуч“… Почивај во мир, Дуда“, напиша Антиќ на својот инстаграм-профил, крај заедничките фоторафии со трофејниот стратег.

Се вчитува...