Антонио: Се боревме за опстанок сега се бориме за ЛШ, не се предавме, одиме до крај

Сезоната од сништата за Вест Хем лесно може да биде закитена со место во европските натпреварувања откако „чекичарите“ на крилјата на Михаил Антонио славеа и на вчерашниот дуел против Барнли со 1-2.

Со овој триумф беше прекината серија од два порази во низа со што лондонскиот состав стигна до 58 освоени бода во сезоната, три помалку од четвртопласираниот Челси и четири повеќе од седмопласираниот Ливерпул па напаѓачот кој со два гола донесе победа на својот тим не го криеше задоволството по натпреварот.

„Беше неверојатно. Сите сакаат да играат во Лигата на Шампионите. Тука сум неколку години и имавме многу сезони во кои се боревме за опстанок, а сега имаме прилика да бидеме во најдобрите четири. Не се предаваме, ќе се бориме до самиот крај“, изјави Антонио.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...