Апостолов: Пресуди искуството… презадоволен сум од моите момци

Кожув загуби ново финале против МЗТ Скопје и покрај тоа што во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ прикажа одлична игра и се бореше за трофејот до самиот крај. Неизвесноста траеше до последните 30 секунди од средбата кога пресуди преискусниот Водајн Стојановски погодувајќи обид за три поени од „невозможна“ позиција.

Тренерот на гевгеличани Апостоли Апостолов е презадоволен од прикажаното на неговите избраници кои докажаа дека можат да бидат големо изненадување во новата сезона.

„Се што бевме договорени со играчите, тоа е да играме агресивна одбрана и да трчаме, во цел меч го исполнивме. Бевме на една топка со МЗТ. Никола Бојчев имаше шут за три и не го погоди. На другата страна погоди Војдан Стојановски и искуството си го направи своето. Јас сум презадоволен од играта и мислам дека ако сме вакви на секој меч, ќе одиме напред“, изјави Апостолов.

Се вчитува...