Апсолутно заслужено: Јокиќ е МВП на НБА-лигата

Никола Јокиќ апсолутно заслужено се закити со најголемото индивидуално признание – МВП кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Српскиот центар цела сезона игра феноменално во дресот на Денвер, па дури и по тешката повреда на Мареј тој целосно ја презеде одговорноста во тимот, предводејќи го до пласман во полуфиналето од Западната конференција, каде се среќава со Феникс санс.

Негови ривали во финалниот избор беа Стеф Кари и Џоел Ембид, но Србинот доби далеку повеќе гласови од конкурентите и заслужено стигна до огромното признание.

Се вчитува...