Алваро Арбелоа има сериозни проблеми да се наметне како тренер во сениорскиот фудбал, шпанскиот стратег не се прослави како предводник на Реал Мадрид, летово сепак најде нов ангажман во Премиер-лигата, но последните информации говорат дека и Фулам е на добар пат да му врачи отказ на поранешниот десен бек.
Стартот на сезоната е и повеќе од разочарувачки, лондонскиот премиерлигаш има скор од две реми и четири порази, а на сите веќе им станува јасно дека Арбелоа воопшто не е достоен наследник на Марко Силва, кој летово се пресели на клупата на Бенфика.
Фулам тешко создава шанси, на спротивната страна лесно прима голови, а Арбелоа не делува како тренер способен да најде излезз од оваа криза.
Англиските медиуми тврдат дека тој веќе имал разговор со управата и му било ставено до знаење дека сите кредити се истрошени, а следниот дуел против Хал ќе значи „да се биде или не“ за Арбелоа, бидејќи секој исход освен победа на Фулам ќе значи и отказ за шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
