Поранешниот играч на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Алваро Арбелоа, е еден од кандидатите за менаџерската позиција на Фулам по заминувањето на Марко Силва. Според „Атлетик“, челниците на лондонскиот клуб воделе разговори со Арбелоа, кој е меѓу фаворитите да го преземе тимот од „Крејвен Котиџ“.
Фулам во моментов нема трајно решение на клупата, бидејќи Силва го напушти клубот по пет години за да се приклучи на Бенфика. На почетокот на годината, Арбелоа привремено го презеде првиот тим на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо. Поранешниот тренер на резервниот тим на мадридскиот клуб го водеше Реал во еден тежок период, но резултатите не беа на очекуваното ниво.
Неговото деби на клупата на „кралскиот клуб“ беше обележано со елиминацијата од Албасете во Кралскиот куп, додека во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Реал го сопре Баерн Минхен со вкупен резултат од 6-4.
Мадридскиот тим ја заврши сезоната во Примера на второто место, осум бода зад шампионот Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
