Арда Ѓулер му испрати порака на Карло Анчелоти

Aрда Ѓулер моментално е со репрезентацијата на Турција на Европското првенство, која во осминафиналето ќе се сретне со Австрија.

Иако Турчинот поради ова ќе има пократок одмор, тој имаше јасна порака до тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Арда го информираше Карло Анчелоти дека сака да дојде на подготовките од првиот ден и дека со задоволство ќе игра во претсезоната. Не е заинтересиран за одмор по Европското првенство, тој не го сака тоа“, пишуваат турските медиуми. 

Ѓулер дојде во Реал Мадрид за 20 милиони евра од Фенербахче, а минатата сезона често беше надвор од терените поради повреди. Младиот фудбалер одигра само 12 натпревари во дресот на тимот кој е актуелен шампион на Европа.

Се вчитува...