Во Буенос Аирес, Аргентина убедливо ја совлада Буркина Фасо со 7-0 во пријателски натпревар, но резултатот беше засенет од голем организациски скандал. Актуелните светски вицешампиони требаше да го искористат овој натпревар како вовед во простувањето на Лионел Меси од националниот тим, но главна тема по мечот стана неверојатната ситуација поврзана со гостинската екипа.
Аргентинската страна требаше да ги покрие трошоците за патувањето на Буркина Фасо, но планираниот чартер-лет ненадејно беше откажан. На гостите потоа им беа понудени алтернативни опции со долги чекања и поевтини аранжмани, што предизвика големо незадоволство кај членовите на репрезентацијата на Буркина Фасо.
Поради ова, неколку важни играчи одбија да патуваат во Јужна Америка. Сојузот на Буркина Фасо се најде во проблеми, па во последен момент состави тим составен главно од играчи под 23-годишна возраст и фудбалери од домашното првенство. Таквата делегација пристигна во Буенос Аирес само неколку часа пред натпреварот, без време за одмор, тренинг или адаптација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
