Aргентински тенисер уапсен во Париз, „мртов пијан“ нападнал таксист!

Aргентинскиот тенисер Франциско Серундоло е уапсен во Париз откако физички нападнал таксист во Париз. Тенисерот е пријавен од таксист, кој го обвинил дека му удрил шамар, бидејќи одбил да внесе пет лица во возилото.

Таксистот истакнал дека Серундоло бил „мртов пијан“ и дека тој и неговите пријатели сакале по секоја цена да влезат во возилото, а кога не добиле дозвола, физички бил нападнал. Инцидентот се се случил околу два часот по полноќ ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Инаку, Аргентинецот во првото коло го заврши учеството на Ролан Гарос. На стартот на вториот Грен слем во сезоната беше поразен од Британецот Даниел Еванс со 3-0.

 

 

Се вчитува...