Аргентинците му донесоа победа на ПСЖ над Лил

Фудбалерите на ПСЖ се рехабилитираа по последните два порази, од Стразбур и од Баерн Минхен, па денеска рутински славеа на пресметката со Лил со 3-1.

Во отсуство на Нејмар, аргентинските интернационалци ја одиграа главната улога на оваа средба, откако најпрвин Ди Марија го отвори резултатот, за потоа истиот фудбалер да му асистира на Пасторе за постигнување на вториот гол за „светците“.

Гостите намалија на 2-1 во 88. минута ги постави Ел Гази по големата грешка на домашниот дефанзивец Маркињос, за буквално во последните секунди конечните 3-1 да ги постави Мбапе, кој стрелаше во празна мрежа откако голманот на Лил истрча во шеснаесетникот на ПСЖ.

Се вчитува...