Ариго Саки: Не минува ден а мој близок или познат да не заврши во болница или умре

Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки во моментов работи како повремен ТВ коментатор, и со 74 години останувајќи, на некој начин, фудбалски активен.

Сега, како што вели, не излегува воопшто од својот дом покрај Равена, чувајќи се од зараза од коронавирусот.

„Јас лично сум добар, но се друго во Италија е ужас. Во мојот мал град некако и се држиме, не е како во Бергамо или Милан, но нема ден да не дознам дека некој мој близок, пријател, или некој кој го познава, завршил во болница или умрел. Сам. Без никој свој покрај себе“ – вели Саки, осврнувајќи се на фудбалот.

„Сега не е време да се мисли на фудбал. Првпат во последните 50 години сега воопшто не мислам на фудбал. Можеби деновиве кратко ќе погледнам некоја снимка“.

Се вчитува...