Ариведерчи Јуве: Рабио бира меѓу два клуба што следната година ќе играат во ЛШ

Одземањето на бодови ќе придонесе Јувентус да не игра во ЛШ следната сезона, што само по себе ќе повлече и заминување на дел од првотимците за да се намали високиот буџет за плати што во моментов го има „старата дама“.

Анхел ди Марија е првиот што ќе си замине отакако Аргентинецот ја одби понудата за нов договор, а по неговите стапки ќе тргне и Адриен Рабио. Челниците на Јуве уште од минатото лето се обидуваат да го убедат францускиот играч за врска да ја продолжи верноста кон „старата дама“ но не успеваат во својата намера. Сега кога е јасно дека Јуве нема да игра во ЛШ, Рабио е решен да си замине, и тоа на ист начин како што дојде, како слободен играч, без ниту едно евро отштета за неговиот сегашен клуб.

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се двата клуба кои во моментов се најзагреани да потпишат договор со екс-фудбалерот на ПСЖ. Јунајтед и минатото лето се интресираше за Рабио, но не се договори со Јувентус околу висината на отштетата. Сега кога тоа веќе не е проблем, Тен Хаг е оптимист дека ќе успее да постигне договор со самиот фудбалер за тој да се пресели на „Олд Трафорд“. Слични планови има и Тухел, кој сака да го види Рабио во Баерн, но најпрвин ќе мора да продаде барем еден од неколкуте фудбалери од средниот ред на кои нема да смета.

Прв на оваа листа е Рајан Гравенберх, холандскиот интернационалец за кого се интересираат Ливерпул и Челси.

Се вчитува...