Арјен Робен во солзи се прости од дресот на Холандија

Холанската фудбалска репрезентација од вечерва останува посиромашна за еден голем фудбалер, Арјен Робен. Крилниот офанзивен играч го одигра својот последен меч во селекцијата на „лалињата“. Со оглед дека Холандија извиси за пласман на мундијалот во Русија следната година, тоа е неславен крај за Робен во дресот со нациналниот грб.

roben holandija 2

Тој не можеше да ги задржи емоциите уште на самиот почеток, при интонирањето на химните, кога на неговото лице се појавија солзи. Робен одигра 96 натпревари за Холандија и постигна 37 гола, и секако ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа успешна фудбалска земја.

Се вчитува...