Само еден месец откако беше обелоденето дека Арменд Алими во пролетниот дел нема да го носи дресот на Работнички, сега искусниот играч од средниот ред би можел одново да се врати во таборот на „романтичарите“. Иако беше поврзуван со трансфер во Силекс, сепак, тоа не се случи, па фудбалерот кој има и репрезентативно и интернационално искуство би можел да му помогне на тимот на Работнички во битката за опстанок.
35-годишниот Алими во Работнички дојде на почетокот на 2021 година од Шкендија. Претходно играше за Ермис, Неа Саламис, Оребро, Истра, Башкими и Милано.
Сезонава Алими одигра 15 натпревари во дресот на Работнички во ПМФЛ, и забележа пет асистенции без ниту еден постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА