Заврши повеќегодишната одисеја на Марко Арнаутовиќ во Интер. Откако двапати го носеше дресот на „нероазурите“ со кој ги освои сите титули, Австриецот му кажа збогум на тимот.
Арнаутовиќ мина во Интер во сезоната 2009-2010 како позајмен, а потоа ид од 2023 година е дел од овој тим, прво како позајмен, а потоа и со перманентен договор. 36-годишниот Австриец летово ќе си бара нов клуб.
Се погласни се шпекулациите дека Арнаутовиќ би можел да заврши во Црвена Звезда, клуб за кого фудбалерот неколку пати има кажано дека навива. Оваа приказна беше актуелна и минатото лето, но до трансфер не дојде. Сега е се поблиску, да му помогне на тимот да дојде до нов пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА