Арон Палмарсон потпишува за Барса до 2021 година

Веќе нема никакви дилеми, Арон Палмарсон ќе го облече дресот на Барселона по потпишувањето на договорот со овој клуб, што ќе биде со важност до 2021 година. Сапуницата околу незадоволството на оваа ракометна суперѕвезда во Веспрем конечно завршува откако Барса се согласи да ја плати отштетата за негов ангажман, во висина од 700.000 евра.

Како што јавуваат каталонските медиуми, во клупските простории на Барса се финишираат деталите од трансфер чија официјализација се очекува во следните 24 часа, за тренерот Пасквал да го добие Палмарсон на располагање пред претстојната ЕХФ недела.

Каталонците веќе го имаа договорено доаѓањето на извонредниот среден бек за јули 2018 година, но со ваквиот развој на настаните тој веднаш ќе биде достапен за настап, како во домашното првенство, така и во Лигата на шампионите. Исланѓанецот дефинитивно ќе биде огромен адут за Барселона во обид да го нападне врвот на Европа, особено откако на каталонците викендов им беше одржана лекција од Вардар во Скопје.

Се вчитува...