Арпад Штербик со одличните одбрани на дуелот со Барселона апсолутно заслужено го доби признанието за најдобар ракометар во петтото коло од Лигата на шампионите. Голманот на Вардар бранеше извонредно на дуелот со својот поранешен клуб, а во продолжение погледнете дел од одбраните кои му го донесоа на Штербик најновото признание…
After shutting Barcelona’s attack down, it’s no surprise @HCVardar‘s Arpad Sterbik was chosen by you as the #veluxehfcl Player of Round 5! pic.twitter.com/puXnOxz1v3
— EHF Champions League (@ehfcl) October 18, 2017
Вардар дефинитивно се вбројува меѓу главните фаворити за титулата во ЛШ и оваа сезона, а за остварување на таа цел неопходно е Штербик да продолжи да брани во ист ритам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА