Арсен Венгер предлага промени на правилото за офсајд

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, предложи начин на кој би можело да биде променето правилото за офсајд како би можело да им ја олесни работата на судиите. Од почетокот на сезоната и примената на ВАР во Премиер-лигата, практично на секој натпревар имаме една ситуација по која носи многу дилеми. Неколку пати беа поништувани голови бидејќи напаѓачот беше за неколку милиметри пред одбранбениот фудбалер.

„Јас го предлагам следното. Не треба да биде офсајд ситуација во која било кој дел на телото со кој може да постигне гол напаѓачот, дури и ако некој друг дел од телото е пред замислената линија. Тоа ќе реши многу проблеми и судиите веќе нема да има потреба да одлучуваат дали било офсајд ако во прашање се неколку милиметри“, изјави Венгер. 

Последната спорна ситуација се случи на дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед, во кое на Оливие Жиру за неколку милиметри му беше поништен погодок.

Се вчитува...