Арсен Венгер се враќа во Арсенал?!

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кој го предводеше лондонскиот клуб од 1998 до 2018 годинa може да се врати во редовите на „топџиите“, откри тренерот Микел Артета.

Шпанскиот стратег вели дека би сакал да соработува во легендарниот француски стратег и веќе разговарал на оваа тема со 72-годишникот.

„Би било фантастично повторно да е со нас. Мислам дека и на него би му било одлично. Тука сите го почитуваат и му се восхитуваат за се што направи за овој клуб, и со самото тоа што претставува како личност. Разговаравме на оваа тема на примиерата на документарен филм. Беше пријатно. Би сакал да соработувам со него. Тоа ќе биде од голема помош“, изјави Артета.

Се вчитува...