Арсенал без Тореира до крајот на сезоната

Уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира ја заврши сезоната поради повреда на глуждот на натпреварот против Портсмут во англискиот ФА куп, потврдија од Арсенал. Се работи за фрактура на десниот глужд поради која ќе мора да биде надвор од терените во следните десет седмици.

Тоа значи дека менаџерот на „топчиите“ Микел Артета до крајот на сезоната нема да го има на располагање вредниот фудбалер од средниот ред. Арсенал во моментов се наоѓа на деветтата позиција на првенствената табела со осум бода негатива зад четвртопласираниот Челси.

 

Се вчитува...