Арсенал без три клучни фудбалери против Астон Вила

Арсенал моментално е на врвот во англиската Премиерлига, пет бода пред второпласираниот Манчестер Сити. Сепак, влегуваме во напорен дел од сезоната, а „топчиите“ имаат големи проблеми со повреди од почетокот на сезоната. Таква е ситуацијата пред овој викенд кога Арсенал гостува кај Астон Вила, кои играат во неверојатна форма.

Тимот на Унаи Емери забележа шест последователни победи, од кои четири во Премиерлигата. Сега на Вила Парк го пречекуваат ранетиот Арсенал кој не знае дали ќе може да смета на три важни ѕвезди.

Имено, на натпреварот против Баерн, „топчиите“ беа без Леандро Тросард, Белгиецот кој учествуваше во 10 гола за Арсенал оваа сезона во сите натпреварувања. Неколку дена подоцна, клубот од северен Лондон го загуби Вилијам Салиба, кој ги пропушти мечевите со Челси и Брентфорд. А токму против Бретфорд Арсенал доживеа нови проблеми. Кристијан Москера се повреди во првото полувреме, а на крајот од натпреварот, веројатно најдобриот играч на „топчиите“ оваа сезона, Деклан Рајс, исто така беше сменет поради повреда.

Се вчитува...