Арсенал чекори кон ЛШ, Евертон до голема победа над Лестер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал славеа со 2-1 јунајтед во натпревар од 36. коло во англиската премиер-лига. Нкетиа беше стрелец на двата гола за „топчиите“, а Лидс многу лесно може да се врати во Чемпионшип следната сезона.

Лошата игра која што ја негуваат целата сезона фудбалерите на Лидс продолжи и на мечот против Арсенал. Прво голманот Меслие направи пацерска грешка со која Арсенал поведе со 0-1, а потоа дефанзивецот на тимот Ајлинг доби директен црвен по крвничкиот старт над Мартинели. Во второто полувреме гостите заиграа подобро, но имаа сила само за почесен погодок преку Љоренте во 66. минута.

Евертон стигна до голема победа во битката за опстанок откако славеше на гостувањето кај Лестер со 1-2. Стрелци на головите за „карамелите“ беа Миколенко и Холгејт, додека единствениот погодок за Лестер беше дело на Дака.

Во последниот меч од понудата од 15 часот Вест Хем беше убедлив на гости кај Норич со 0-4.

 

 

 

Се вчитува...