Арсенал се договори за трансферот на дефанзивецот на Астон Вила, Езри Конса, за околу 60 милиони евра, на што ќе бидат додадени бонуси.
Конса денеска се збогуваше со своите соиграчи а утре го чекаат лекарските преглед и потписот со клубот од Лондон, кој побара засилување во одбраната поради повредите на Вилијам Салиба и Јуриен Тимбер.
Арсенал разгледуваше и други опции во одбраната, а меѓу нив беше и дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џарел Куанса. Конса има уште две години од договорот со Вила, кој го потпиша во септември 2023 година за пет години.
Дефанзивецот беше важен член на англиската репрезентација која стигна до полуфиналето на Светското првенство ова лето. Тој ги започна сите натпревари до полуфиналниот пораз од Аргентина (2-1), а во тој натпревар влезе во игра во 72. минута. Играше главно во средината на одбраната, но ја покриваше и позицијата десен бек по суспензијата на Кванса, улога што ја играше и во Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
