Арсенал е највредниот тим во светот

Арсенал е највредниот клуб во светот според „Трансфермаркт“ врз основа на вредноста на играчите кои го сочинуваат тимот.

На првата позиција тимот од Лондон го замени Манчестер сити. Вкупната вредност на Арсенал е 1,2 милијарди евра, додека актуелниот европски шампион вреди 1,19 милијарди евра.

Главната причина зошто Арсенал се најде на врвот на листата беше потписот на Деклан Рајс. Вредноста на трансферот изнесуваше 123 милиони евра, што е најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

На листата на десетте највредни клубови покрај шампионите и вицешампионите во Премиерлигата се и: Пари Сен Жермен (1,03 милијарди евра), Реал Мадрид (991 милион), Баерн Минхен (894,5), Челси ( 868,5), Барселона (865 ), Ливерпул (846,8), Манчестер јунајтед (833,8) и Тотенхем (773,3).

Се вчитува...