Арсенал е упорен за Кутињо, Куман не ни размислува за негов трансфер

Премиерлигашот Арсенал е упорен во тоа во своите редови да ја донесе ѕвездата на Барселона, Фелипе Кутињо. Бразилецот годинава се врати на „Камп ноу“ по едногодишната позајмица во Баерн Минхен со кој стигна до трофејот во Лигата на шампионите.

Артета е убеден дека токму Кутињо е фудбалерот кој ќе му помогне на клубот да влезе во борба за самиот врв во Премиерлигата. Од друга страна новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман во неколку наврати посочи дека ќе смета на Кутињо сезонава и не доаѓа предвид никакво негово заминување.

Кутињо во Барселона стигна во 2018 година за сума од 145 милиони евра.

Се вчитува...