Арсенал едно полувреме се мачеше, па го растури Њукасл

Фудбалерите на Арсенал конечно ја прекинаа серијата од четири нерешени натпревари, триумфирајќи над Њукасл со убедливи 4-0. „Топчиите“ во првото полувреме се мачеа да го скршат отпорот на гостите, кои и самите создадоа неколку убави шанси, но не го совладаа Лено.

Клучен момент беше првиот погодок што го постигна Обамејанг, со глава тресејќи ја мрежата на гостите по центаршутот на Пепе. Набрзо потоа самиот Пепе зголеми на 2-0, а на последните два гола се чекаше до самиот финиш. Најпрвин Озил зголеми на 3-0 на асистенција на Лаказет, а токму Лаказет стави точка на натпреварот постигнувајќи го четвртиот погодок за „топчиите“ во 95. минута.

Арсенал со оваа победа скокна на 10. место со 34 бода, шест помалку од петтопласираниот Тотенхем, пласман кој ќе води во ЛШ во следната сезона.

Се вчитува...