Арсенал, Фиорентина и два бундеслигаши во трка за Енис Барди

Англискиот премиерлигаш Арсенал и калчолигашот Фиорентина се заинтересирани за ангажман на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Тој игра одлично по рестартот на Примера, постигна и два гола и редовно е еден од најдобрите во составот на Леванте. Тоа не останува незабележано и кај големите европски клубови.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека Барди би бил одлично засилување за тимот за следната сезона и според шпанскиот медиум „Онде Серо“, раководството на „топчиите“ веќе има испратено првична понуда за да го купи Барди.

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина исто така појавил интерес за услугите на Енис Барди. Од Германија се интересира Ајнтрахт Франкфурт, а во игра е и новиот бундеслигаш Штутгарт чиј член е Дарко Чурлинов.

Се вчитува...