Арсенал „гази“ кон титула: Победа над Тотенхем за +8 на врвот (ВИДЕО)

Тимот на Арсенал ја продолжи својата одлична форма во Премиер-лигата, и го совлада Тотенхем на нејзин терен, со што направија разлика на првото место на табелата од осум поени пред Манчестер Сити, кој вчера загуби од Манчестер Јунајтед.

„Топчиите“ поведоа со автогол на Лорис, кој прими „пацерски“ гол и така донесе гостинско водство. Одегард го однесе Арсенал блиску до триумфот со гол во 36. минута.

Во вториот дел Тотенхем не успеа да се врати преку Кејн и Сесењон, а Нкетиах имаше прилика да зголеми и на 0-3, но и тој не успеа да го совлада Лорис.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...