Арсенал го бара Јовиќ во пакетот во кој Обамејанг би заминал во Реал Мадрид

Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да му го продаде Пјер – Емерик Обамејанг на Реал Мадрид, но само доколку во пакетот го добие српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Напаѓачот од Габон размислува за заминување од „Емирати“ и нема намера да го продолжи договорот со „топчиите“ кој има важност до јуни 2021 година. Арсенал мора да реагира и да го продаде најдоцна ова лето, а се чини дека со „кралевите“ може да направи добра зделка.

Лука Јовиќ не се снајде најдобро на „Сантијаго Бернабеу“, дојде од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но добива многу малку шанси и во 11 натпревари досега постигна само еден гол. Раководството на Арсенал смета дека би можел повторно да блесне во полн сјај во Премиер – лигата.

Обамејанг дојде во Арсенал во јануари 2018 година од Борусија Дортмунд за 63 милиони евра и досега постигна 53 гола на 83 натпревари.

Се вчитува...