Арсенал го доби лондонското дерби со Вест Хем… (ВИДЕО)

Арсенал повторно се врати на четвртата позиција во Премиерлигата која носи место во Лигата на шампионите следната сезона, откако триумфираше на гостувањето против Вест Хем со 1-2.

„Топчиите“ победата ја најавија со голот на Холдинг во 38. минута од натпреварот.

Домашните израмнија пред полувремето со голот на Бовин во 45. минута, но Арсенал со погодокот на Габриел во 54. минута дојде до трите бода.

Арсенал повторно е сега со бод предност во однос на Тотенхем на четвртата позиција.

Се вчитува...