Арсенал го договори трансферот на Курзава

Арсенал го договори првото засилување за следната сезона, левиот бек кој доаѓа од ПСЖ, Французинот Левин Курзава.

27-годишниот Курзава, за кого беа заинтересирани и Барселона и Јувентус, со „топчиите“ ќе потпише петгодишен договор. Ова нема да биде единственото засилување за Артета, кој е во потрага и по стопер како и напаѓач, доколку замине Обамејанг.

Познато е и дека Арсенал подготви понуда од 50 милиони евра и за Томас Партеј од Атлетико Мадрид, кој исто така се очекува од следната сезона да биде дел од редовите на тимот од Лондон.

Се вчитува...