Арсенал го договори второто најскапо засилување во својата историја

Арсенал и Челси се договорија за трансферот на Каи Хаверц, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Германскиот репрезентативец преминува во „црвено-белиот“ дел од Лондон во трансфер вреден 70 милиони евра кој може да достигне уште пет милиони евра преку бонуси што го прави вториот најскап трансфер во истроијата на клубот по Николас Пепе.

Хаверц беше дел од Челси од 2020 година каде пристигна од редовите на Баер Леверкузен за 80 милиони евра. Настапи на 139 натпревари на кои постигна 32 гола и 15 асистенции, а со „сините“ ги освои Лигата на Шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Дваесетичетиригодишикот ова лето беше желба и на Реал Мадрид и Баерн Минхен, но цената која ја бараше Челси за нив беше прескапа.

Се вчитува...