Арсенал обезбеди пласман во 1/16 финалето од ФА Купот на Англија откако го совлада Лидс Јунајтед со 1-0 на „Емирати“. Стрелец на победничкиот гол беше младиот фудбалер Реис Нелсон во 55.минута.
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше еден од најдобрите поединци во тимот на Лидс на овој натпревар. Имаше шанса и за погодок во 34.минута, но Емилијано Мартинез го одбрани неговиот удар. Во 61.минута, Алиоски беше заменет со Хелдер Коста, но Лидс сепак не успеа да израмни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА