Арсенал го продаде резервниот голман за 20 милиони фунти

Емилијано Мартинез му помогна на Арсенал да стигне до трофејот во ФА Купот на Англија, но летово си замина од таборот на „топчиите“ и кариерата ја продолжува на голот на Астон Вила. Раководството на „топчиите“ заслужува комплименти за овој трансфер, со оглед на фактот дека успеа да наплати дури 20 милиони фунти од продажбата на резервниот голман, кој минатата сезона доби шанса само поради тешката повреда на Бернд Лено.

Германецот по враќањето веднаш доби шанса како прв голман, а Мартинез побара да си замине во клуб каде би имал поголема минутажа. Астон Вила испрати понуда, а двата клуба на крајот се договорија за исплата од 16 милиони фунти, плус четири милиони преку неколку клаузули. Мартинез ќе ја има улогата на прв голман во овој клуб, по заминувањето на Пепе Реина од „Вила Парк“ и потписот со Лацио.

Микел Артета сега ќе се насочи кон продажбата на Лукас Тореира, се со цел да собере пари за ангажман на нов фудбалер за врска, Оуар од Лион или Томас Парти од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...