Арсенал го пронајде наследникот на Обамејанг во Вулверхемптон?

Премиер – лигата е на „принуден одмор“ поради коронавирусот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, заболе и се наоѓа во изолација, но објави дека се чувствува добро и дека ќе се врати на работа веднаш штом ќе мине периодот за инкубација и докторите тоа ќе му го дозолат. Во меѓувреме се чини дека го пронајде и наследникот на Пјер – Емерик Обамејанг. Интернационалецот од Габон ќе влезе во последната сезона од актуелниот договор, тоа значи дека многу веројатно ќе си замине во летниот преоден рок, а „топчиите“ полека се подготвуваат за да пронајдат соодветна замена.

Диого Жота од Вулверхемтон, како што информираат медиумите на Островот, е желбата на Микел Артета за навалната линија на Арсенал. Тој оваа сезона во составот на „волците“ игра одлично. Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид на 37 натпревари постигна 15 гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...