Арсенал го совлада Јунајтед, прв триумф за Артета

Арсенал славеше триумф над Манчестер Јунајтед со 2-0, остварувајќи ја првата дерби победа за Микел Артета на клупата на „топчиите“. Николас Пепе во осмата минута ги доведе домашните фудбалери во водство, а пред крајот на првиот дел Сократис Папастопулос зголеми на 2-0. Јунајтед не успеа да одговори на соодвете начин и на крајот мораше да се помири со пораз.

Арсенал по овој триумф е на десеттата позиција со 27 бода, а Манчестер Јунајтед е петтопласиран со 31 бод.

Се вчитува...